Жервињо се уште е брз како стрела, Кастровили му парираше за 1:1 во Фиренца (Видео)

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска, Жервињо игра одлично за Парма, откако се врати во европскито фудбал, а денеска потврди и дека е еден од најбрзите играчи на планетата, иако има 32 години.

Со одличен спринт во 40. минута и убав гол и донесе предност на Парма во Фиренца против Фиорентина, но сепак домаќините не дозволија пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=u2IxGuF0wV0

Кастровили со удар со глава израмни на 1:1 во 67. минута, доволно за реми, 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=pE0RlMexCOk

По 11 одиграни натпревари двете екипи се во средината на табелата, Фиорентина на осмото место со 16 бода, два повеќе од Парма, која е на десеттата позиција.

Во истиот термин во Бундеслигата Шалке 04 со пресврт и по негатива од 0:1 и 1:2 успеа да го победи Аугсбург со 3:2 на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести