Жешка ноќ во Бразил – Четири тренери добија отказ за неполни 24 часа

Жешка ноќ со голови, но и со откази и оставки имаше во Бразил, а дури четири тима речиси истовремено останаа без тренери. Патем за да биде докрај интересно, на четири одиграни натпревари од Серија А имаше дури 22 гола, од нив и две седмици на дуелите меѓу Палмеирас и ЦСА 6:2 и на Гремио против Аваи со резултат 6:1.

Само менаџерот на Сао Пауло, популарниот Кука си поднесе оставка, а осатанатите тројца добија откази. Најпознато име меѓу отпуштените тренери е Рожерио Сени, легендарниот голман со најмногу погодоци од сите чувари на мрежата во историјата на фудбалската игра.

Сени немаше добри резултати со Крузеиро и дојде до разделба. На таков потег се одлучи и раководството на Флуминензе, а веќе историја за нив е Освалдо де Оливеира, исто како и Зе Рикардо, менаџерот на Форталеза, кој исто така доби отказ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести