Мајами хит го зададе првиот удар во полуфиналната серија против Милвоки бакс во Источната конференција. Жешките триумфираа со 115:104 со помош на фантастичниот Џими Батлер и неговите 40 поени, воедно најавувајќи возбудлива серија против најефикасниот тим во НБА-лигата за оваа сезона.
Бакси моќно ја отворија средбата освојувајќи ја првата четвртина со 40:29, но водството од +11 постепено се топеше, па Мајами ја презеде инцијативата во последните дваесетина минути. Клучна беше серијата од 11-2 на Хит на половина од последниот период, со која беа на прагот да ја потврдат победата.
Покрај 40-те поени на Батлер, блесна и Горан Драгиќ со 27 поени. На другата страна се истакна Мидлтон со 28 поени, а Адетокумбо беше скротен само на 18 поени со дабл-дабл од 10 скока.
Jimmy Butler erupts for an #NBAPlayoffs career-high 40 PTS (27 in 2nd half) to lead the @MiamiHEAT to a 1-0 series lead! #Drop40 #WholeNewGame
Game 2 ⏩ Wed. (9/2) at 6:30pm/et on ESPN pic.twitter.com/dwZvcwhl9Y
— NBA (@NBA) September 1, 2020
Оклахома изнуди мајсторка против Хјустон со победата од 104:100 и ќе се игра седми дуел во оваа серија за да се одреди противникот на ЛА лејкерс во полуфиналето.
Фанстастичниот Крис Пол ги предводеше Тандерси до триуфмот со 28 поени, го следеше Галинари со 25 поени, учинок кој беше доволен да се надигра Харден, кој застана на 32 поени.
28 points. 15 in the 4th. Clutch @CP3.
Game 7 ⏩ Wed. (9/2) at 9pm/et on ESPN pic.twitter.com/CAB9yDloJr
— NBA (@NBA) September 1, 2020