Жестока тепачка на натпревар во Мексико (Видео)

Дека некогаш родителите се голем проблем за спортистите од младите категории, доказ се и снимките од еден фудбалски меч во Мексико, на кој „навивачите“ на трибината се тепаа неколку минути пред очите на децата коишто играа.

Работите излегоа од контрола кога еден гледач, најверојатно родител на некое дете на теренот, со чадор удри друг човек и почна масовна тепачка, во која се користеа сите средства кои им беа при рака на насилниците.

Наместо со свој пример младите фудбалери да ги учат на фер плеј однос и почит, овие Мексиканци со тупаници, клоци и чадори ги решаваа проблемите, поради што мечот кој се играше мораше да биде прекинат и децата гледаа непријатни сцени.

- Оглас -

Најнови вести