Жестоко е во соблекувалната на новиот тим на Роналдо: Малку фалеше да дојде до тепачка (Видео)

Кристијано Роналдо не дебитираше за својот нов клуб Ал Наср на дуелот против Ал Тае, но и без Португалецот, фаворитот победи со 2:0. Бразилецот Андерсон Талиска ги постигна двата гола, но дека сепак, дека не е се сјајно во Ал Наср покажа снимката од соблекувалната по мечот.

Во главна улога во соблекувалната беше камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар, кој имаше вербален конфликт со Талиска, а малку фалеше тоа да прерасне во физичка пресметка. За среќа, останатите фудбалери на Ал Наср реагираа и не дозволија тепачка.

Абубакар дојде во Ал Наср во 2021 година и во 39 меча постигна 13 голови. Во истиот период во тимот дојде и Талиска, а Бразилецот во 44 средби постигна 33 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести