Жесус во очај: Триесет години сум тренер, не сум видел ваква утка, мислев дека ќе умрам од срцев удар (Видео)

Промашувањето на Харис Сеферовиќ во 94-тата минута на гостувањето кај Барселона ќе се зборува уште долго. Швајцарецот имаше 100 процентна шанса да ја однесе Бенфика во осминафналето на Лигата на шампионите, но необјасниво не ја погоди целта, па сега Орлите од Лисабон треба да го победат Динамо Киев, но и да чекаат помош од Баерн да ја совлада Барселона.

Реакцијата на тренерот Жорж Жесус по утката на Сеферовиќ беше хит, а стручњакот даде свое мислење за тоа што се случи.

„Триесет години сум тренер и не сум видел вакво нешто. Голманот на Барселона го немаше на гол, бев сигурен дека ќе поведеме со 1-0. Жалам што вакво нешто ни се случи мене и на Бенфика. Кога не дадовме гол, мислев дека ќе умрам од срцев удар“, изјави Жесус.

- Оглас -

Најнови вести