Жирона го шокираше Еспањол, Стуани прв до 10 гола во Ла Лига

Жирона со 3-1 го шокираше Еспањол во малото каталонско дерби, мечот во рамките од 13 коло во Ла Лига. Гостите веќе по шест минути игра имаа сигурни 2-0, Стуани беше двоен стрелец за својата екипа, а со овие два гола се искачи на врвот на листата на стрелци. Стуани е првиот фудбалер кој стигна до 10 погодоци во Ла Лига.

Иглесиас во 74-тата минута го намали водството за Жирона, а конечните 3-1 ги постави Думбија во 90-тата минута, само пет минути по неговото влегување во игра.

Еспањол со овој пораз испушти шанса да се искачи на четвртото место, остануваат со 21 освоени бодови, додека Жирона со петтиот овосезонски триумф се искачи на седмото место, и со 20 бода се израмни со Реал Мадрид.

Во 20:45, последниот меч за денес во шпанското првенство го играат Вилјареал и Реал Бетис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести