Живна Арсенал со навивачи на трибините, Велковски се запиша со гол на легендарната „Аноета“ (Видео)

Дарко Велковски и неговите соиграчи од Риека приредија големо изненадување на легендарната „Аноета“ и со реми 2:2 го доведоа лидерот во Ла Лига, Реал Сосиедад, на работ на испаѓање во Лигата на Европа.

Велковски го постигна првиот гол на мечот, кога одлично реагираше и со удар со глава во 37-мата минута погоди за 0:1. Риека го освои првиот бод во овој циклус на натпревари во Лигата на Европа.

Реал Сосеидад сега мора да го победи Наполи ако сака да биде сигурен патник во следната фаза или АЗ Алкмар да не ја победи Риека на гостински терен, по ремито со Наполитанците вечерва.

Арсенал го проби мразот и за првпат на англиски стадион по 272 дена пауза имаше навивачи на трибините. Топчиите живнаа со присуство на своите навивачи на „Емирејтс“ и го декласираа Рапид Виена со 4:1.

Арсенал веќе беше пласиран во следната фаза во Лигата на Европа, а ако го победи отпишаниот Дандалк на 10 декември, ќе биде единствениот тим со сите шест победи во фазата по групи во конкуренција на 48 екипи.

Вечерва печат на пласманот во следната фаза во Лигата на Европа ставија и Рома, Баер, Славија Прага, Глазгов ренџерс, Бенфика, Гранада и ПСВ Ајднховен.

Во првата сеанса натпревари што се играа од 18.55 часот, пат во следната рунда обезбедија и Динамо Загреб, Црвена ѕвезда, Милан, Лил, Вилјареал, Тотенхем, Лестер, Антверпен и Хофенхајм.

Резултати на дуелите од 18.55 часот:

Феенорд – Динамо Загреб 0:2, Црвена ѕвезда – Хофенхајм 0:0, Милан – Селтик 4:2, АЕК – Брага 2:4, Антверпен – Лудогорец 3:1, ЦСКА Москва – Волфсбергер 0:1, Гент – Либерец 1:2,  ЛАСК – Тотенхем 3:3, Лил – Спарта Прага 2:1, Карабах – Макаби Тел Авив 1:1, Сиваспор – Вилјареал 0:1, Зорја – Лестер 1:0.

Резултати, 21 часот:

Арсенал – Рапид 4:1, АЗ Алкмар – Наполи 1:1, Рома – Јанг бојс 3:1, Бенфика – Лех 4:0, Молде – Дандалк 3:1, Клуж – ЦСКА Софија 0:0, Реал Сосиедад – Риека 2:2, Гранада – ПСВ Ајндховен 0:1, Ница – Баер Леверкузен 2:3, Омонија – ПАОК 2:1,  Глазгов ренџерс – Стандард 3:2, Славија Прага – Хапоел Бер Шева 3:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести