Живна Барса, му нуди астрономска сума и плата на Килијан Мбапе

Барселона подготвува спектакуларен пресврт и ангажман на Килијан Мбапе со многу подобра понуда за него од моментната што ја има Реал Мадрид.

Шпански „Ас“ објави дека Каталонците се подготвени за битка со Реал Мадрид за Мбапе, кој ќе биде слободен играч од идното лето и ќе може без отштета да си замине од Пари Сен Жермен.

Барселона според „Ас“ ќе му понуди на Мбапе неверојатни 90 милиони евра при потписот на евентуалниот договор и плус годишна плата од 17 милиони евра.

Тоа би значело дека само во првата година трансферот би ги чинел цели 117 милиони евра. Реал Мадрид не успеа летоска и со понуда од околу 150 милиони евра да го ангажира Мбапе, а според „Ас“ му нуди на францускиот ас само 50 милиони евра при потопис на договор со Кралскиот клуб.

Сепак најтрофејниот клуб според европските титули има голем адут, а тоа е желбата на Мбапе да игра за Реал Мадрид, нешто што напаѓачот на ПСЖ воопшто не го крие.

 

- Оглас -

Најнови вести