Живна летниот трансфер-пазар – Сане пет години во Баерн, Хакими го засили Интер

Двајца одлични играчи денеска имаат нови клубови, а и двајцата ќе потпишат петгодишни договори. Лерој Сане, крилото на Манчестер сити, веќе се договори со Баерн Минхен и ќе мине една петолетка во редовите на актуелниот шампион и најтрофеен клуб во Германија.

Сане, кој има 24 години, е долгогодишна желба на Баерн, а трансферот беше планиран за лани, но играчот на Сити се повреди и долго паузираше, па преселбата се одложи. Сепак, сега веќе нема пречки и одличниот офанзивец е нов член на Баварците.

Идентичен договор на пет години со Интер ќе потпише и бекот Ашраф Хакими, кој игра во Борусија Дортмунд како позјмен фудбалер од Реал Мадрид.

Мароканецот веќе пристигна во Милано и треба само да ги мине медицинските прегледи за да стане нов член на Нераѕурите.

Според италијанските медиуми, 21-годишниот Мароканец ќе заработува по пет милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести