Жоао Феликс: Навивачите на Атлетико не знаат што се случуваше додека бев во клубот

Португалецот Жоао Феликс, кој како позајмен играч од Атлетико игра за Барселона, синоќа му даде гол на својот клуб со кој е под договор и бурно ја прославуваше победата.

Феликс е омразен кај фановите на Јорганџиите, го исвиркуваат при секој допир на топката, а тој им се одмазди со гол.

„Навивачите на Атлетико не ги знаат работите кои се случија додека бев во Атлетико, не знаат што се случуваше внатре во клубот. Ги разбирам, но не треба да гледаат на мене како на лош човек. Односите со играчите на Атлетико ми се многу добри“, вели 24-годишниот Феликс.

- Оглас -

Најнови вести