3.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Жолтата подморница го потопи и Елче

Во рамките на 18. коло во шпанската Ла Лига, Вилјареал славеше на гостувањето кај Елче со 1-3 и со оваа победа се искачи на третото место на табелата со 38 поени, додека Елче останува на деветтото место со 22 бода.

Гостите од самиот почеток ја презедоа контролата. Веќе во седмата минута, по брза акција од средината на теренот, Микаутадзе асистираше до Молеиро, кој од левата страна прецизно погоди во спротивниот агол за 0-1.

Сamo шест минути подоцна, Вилјареал повторно ја затресе мрежата. Топката повторно беше освоена на центарот, а овојпат Микаутадзе сам се проби во казнениот простор и од десната страна погоди за 0-2.

Елче сепак не се предаде. Во 30-та минута, по соработка со Фебас, Нетo со прецизен удар од работ на казнениот простор го намали резултатот на 1-2, при што топката дури ја погоди и стативата пред да заврши во мрежата.

Првото полувреме заврши со мала предност за Жолтата подморница, откако домаќините создадоа неколку опасни шанси, но не успеаја да изедначат.

Во второто полувреме, Вилјареал имаше шанса да го реши натпреварот порано, во 50-та минута Микаутадзе излезе сам пред голманот Пења, но не успеа да реализира пеналот, откако со лоб-удар топката заврши над гредата.

Погодокот за конечни 1-3 дојде во 83-тата минута. По долга топка од Кардона, Педраса влезе во казнениот простор и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го постави конечниот резултат.

Со овој триумф, Вилјареал продолжува борбата за пласман во Лигата на шампионите, додека Елче останува на деветтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести