„Жолтата подморница“ остана без кормилар

Хавиер Калјехa повеќе не е тренер на Вилјареал откако управата на клубот денес му врачи отказ. Поразот од Селта Виго со 3-2 на домашен терен е последниот од низата лоши резултати кои ги реди тимот во изминатиов период, па раководството одлучи дека е време за смена на кормиларот на „жолтата подморница“.

Клубот уште денес ќе се обиде да назначи нов предводник на првиот тим, а се споменува дека Луис Гарсија ќе биде нов тренер, актуелниот предводник на кинескиот клуб Пекинг рене.

Калјехa го презеде сениорскиот тим на Вилјареал во 2017 година, откако претходно редеше успеси со младинските категории на овој клуб. Минатата сезона Вилјареал заврши на шестото место во Ла Лига и обезбеди учество во Лигата на Европа.

Оваа сезона Вилјареал се наоѓа при дното на табелата по 15 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат. Само три бода го делат од црвената зона, која значи испаѓање од елитата.

- Оглас -

Најнови вести