Жолтата подморница си вози во лер во Ла Лига, Осасуна им зема иста мерка како пред шест месеци

Алжирецот Аиса Манди направи кардинална грешка во 87. минута се сплетка и му дозволи на Чави Авилја да постигне гол за победа на Осасуна против Вилјареал со 2:1 на „Дела Керамика“.

Гостите со ист резултат го победија Вилјареал на гостински терен и пред шест месеци во минатото издание на Ла Лига.

Претходно Осасуна поведе со голот на Торо во 26. минута, а израмни Џерард Морено во 55. минута. За да нема веќе непоразени екипи во Ла Лига се погрижи Авилја со победничкиот гол во 87. минута.

Интересно е што Вилјареал и Осасуна ја продолжи серијата без нерешен резултат во меѓусебните дуели што трае од 2012 година.

Осасуна со новата победа стаса до делба на второто место на табелата со 17 бода, колку што имаат и Реал Мадрид, Севилја и Атлетимко Мадрид, зад лидерот Реал Сосиедад со 20 бода.

Осасуна е најдобриот гостин во досегшаните 9 кола во Ла Лига, со четири победи и едно реми и се уште е без пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести