Жонглирањето со тоалетна хартија е предизвик за кловнови

Пандемијата со коронавирусот го затвори спортскиот свет на одреден период, а фудбалските ѕвезди наоѓаат начини како да го трошат времето поминато во самоизолација. На социјалните мрежи веќе извесно време преовладува предизвикот жонглирање со тоалетна хартија, но има и такви кои сметаат дека тоа е бесмислено.

Меѓу оние кои одбија да го прифатат предизвикот е футсал мајсторот Фалкао, кој инаку е познат по својата вонсериска вештина атрактивно да манипулира со фудбалска топка. Бразилскиот магионичар воедно ги нападна фудбалерите дека злоупотребуваат неопходен производ за хигиена во овој кризен период.

„Предизвикот е за кловнови. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна, луѓе умираат. На тоа треба да се насочи фокусот, како да се спасиме од оваа криза, а не да шутираме неопходен хигиенски производ кој во овој кризен период сериозно недостасува“, истакна Фалкао.

- Оглас -

Најнови вести