Жорди Алба околу три недели во аут, неизвесен за мечевите со Реал и Јуве

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, има повреда на задната ложа на десната нога, и претпоставката на лекарите е дека ќе треба да паузира околу три недели. Ова значи дека Алба нема да игра против Гетафе и Ференцварош кои се следни два меча после репрезентативната пауза.

За 20 дена од денеска се игра „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“, а три дена подоцна каталонците имаат гостување кај Јувентус од Лигата на шампионите. Настапот на Алба на тие два важни натпревари е неизвесен, а дали ќе може да игра, ќе зависи од брзината на процесот на закрепнување.

Природна замена за Алба е Жуниор Фирпо, но синоќа откако искусниот Шпанец се повреди на мечот со Севилја, на негово место влезе новодојдениот Американец Дест, кој може да игра на двете бековски позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести