13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Манчестер сити мисли на својата иднина, потпиша со американското чудо од дете

Сè уште актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Манчестер сити, освен скапите засилувања, мисли и на својата иднина. Граѓаните и официјално потпишаа договор со американското чудо од дете Каван Саливен, кој има само 15 години, а во моментов е дел од екипата на Филаделфија во МЛС-лигата.

Петнаесетгодишниот фудбалер на „Етихад“ ќе пристигне во 2027 година, кога ќе наполни 18 години, а оваа сезона веќе забележа два настапи во сениорската екипа на Филаделфија, на кои имаше една асистенција. Во моментов е дел од репрезентацијата на САД за фудбалери во 16 години, каде што има девет настапи.

Манчестер сити во младиот фудбалер гледа наследник на белгискиот интернационалец Кевин де Бројне, кој можно е летово да го напушти „Етихад“.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1788561369828139456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1788561369828139456%7Ctwgr%5E60b50d9baed78ec213bd9feb16ac92d9aa360c25%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fmanchester-city-transfer-2027-godine%2F474225

- Оглас -

Најнови вести