Жозе: Знаев дека имаме проблеми кога Џонс дојде да шутира

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, воопшто не размислува да поднесе оставка по поразот од Дерби каунти и елиминацијата од Лига купот на Англија. Португалецот вели дека знаел дека Џонс може да не погоди од белата точка, но и тоа дека смената на правилото, да не се играат дополнителни 30 минути ако е нерешено, е дополнителен проблем за фаворитите.

„Кога отиде пенал-рулетот во 7-ма и 8-ма серија, знаев дека имаме проблеми, бидејќи останаа Џонс и Бејли да шутираат. Новите правила во Лига купот, да се изведуваат веднаш пенали ако мечот заврши нерешено, ги ставаат фаворитите во потешка ситуација. Ако имавме дополнителни 30 минути, сигурно ќе победевме“, рече Мурињо по поразот од Дерби каунти.

Манчестер мечот го заврши со играч помалку, откако во вториот дел црвен картон доби голманот Серхио Ромеро, но сепак тоа не треба да биде оправдување за поразот од клубот кој не игра ниту во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести