Жртвата на Алвес: Давав отпор, но тој беше посилен од мене!

Девојката од Тенерифе која наводно била силувана од фудбалерот Даниел Алвес, не ги менува своите искази како него и се држи со истата приказна, а деталите од нејзината верзија се толку лоши, што на најтрофејниот на сите времиња црно му се пишува и му претстои повеќегодишен престој во затвор.

Иако некогашната сопруга, семејството и пријатели на Дани велат дека тој никогаш не би направил такво нешто, изјавите на сведоците и снимките од камерите не му одат во прилог нему, туку на обвинителството.

Девојката која била жртва на сексуалниот напад има 23 години и не сака пари, туку го тужи Алвес и сака тој да заврши во затвор за злоделото за кое го обвинува дека го направил.

„Кога тој ме одвлечка кон вратата, мислев дека има друг ВИП дел, а не дека таму е тесен тоалет. Му се спротивставував кога ме влечеше кон земјата, но тој беше многу посилен од мене. Додека ме силуваше, ме тереше да му кажувам дека сум негова мала кучка“, вели девојката, која не го знаела Алвес и дури подоцна дознала дека тој всушност е познат фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести