Се сеќавате на незаборавните слободни удари на Жунињо? Целје си има копија на Бразилецот (Видео)

Митја Лотриќ постигна прекрасен гол од слободен удар за Целје во Првата лига на Словенија и потсети на ремек-делата на еден познат фудбалски ас.

Голманот на Алуминиј беше немоќен по топовскиот удар од огромна далечина на Лотриќ, а изведбата беше во стилот на Жунињо Пернамбукано од неговите најдобри моменти во кариерата минати во Лион.

Mitja Lotric Great FK for Celje vs Aluminij (Slovenian Prva Liga) from soccer

Бразилецот знаеше да упати вистински бомби од слободен удар, а топката имаше чудна траекторија на патот до противничките мрежи и честопати беше енигма за голманите.

Лотриќ вчера во победата на Целје и буквално како да го копираше Жунињо, а голот беше прекрасен. Целје го победи Алуминиј со 2:0 и остана во трката за титулата со Олимпија и Марибор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести