Зидан е последна шанса за ПСЖ да го задржи Мбапе

Заминувањето на Оле Гунар Солскјер може да донесе домино-ефект, па тренер на Манчестер јунајтед да стане Маурисио Покетино од ПСЖ, а на клупата на Светците да седне Зинедин Зидан.

Засега ова се само шпекулации, но Покетино е заинтересиран за враќање во Англија, каде што ги водеше Саутхемптон и Тотенхем. Ако Аргентинецот го напушти ПСЖ, клубот ќе се обиде да го ангажира Зидан. Популарниот Зизу сака да биде селектор на Франција, но тоа нема шанса да се случи пред Мундијалот во Катар.

Во ПСЖ сметаат дека тој е идеален човек за тренер на нивниот тим полн со ѕвезди, но и клуч за последен обид за задржување на Килијан Мбапе. Мбапе ако до јануари не го продолжи договорот што му трае до јуни 2022, ќе смее да почне да преговара со други клубови. Парижаните се плашат дека може бесплатно да останат без ѕвездата и Зидан им е адут во обидот да го убедат Мбапе да не оди во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести