Зидан ќе се врати од Катар како нов тренер на ПСЖ, францускиот шампион се повеќе личи на Реал Мадрид

Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на Пари Сен Жермен, откако денеска отпатува за Катар на финални договори со сопствениците на клубот, кој е актуелен првак на Франција.

Според светските медиуми, популарниот Зизу има понуда што не се одбива и сигурно ќе биде нов кормилар на Светците од Париз од идната сезона.

Тоа ќе значи заминување на Маурисио Покетино, а ПСЖ сака со Зидан да атакува на титулата европски првак во Лигата на шампионите.

Францускиот ас е мајстор за пехари во ЛШ и има четири, еден како играч на Реал Мадрид и уште три со истиот клуб како тренер.

Интересно е што со доаѓањето на Зизу на кормилото на ПСЖ, тимот се повеќе ќе личи токму на Реал, бидејќи покрај Зидан за Кралскиот клуб играле и Серхио Рамос, Ешраф Хакими, Анхел Ди Марија и голманот Кејлор Навас.

 

- Оглас -

Најнови вести