Зидан кога-тогаш ќе биде селектор на Триколорите

Дидие Дешамп го посочи вистинскиот човек кој треба да го наследи на клупата на репрезентацијата на Франција. Селекторот на светскиот првак смета дека еден стратег ги има сите потребни квалитети да продолжи да ги води Триколовите во вистинска насока, а тоа е тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Дешамп е на кормилото на Франција од 2012 година, а на последниот Мундијал кој се одржа во Русија ја одведе својата земја до самиот финиш. Французите се актуелни фудбалски владетели со светот, а како награда за успехот Дешамп пред извесно време стави потпис на нов договор, според кој ќе може да ја брани титулата во Катар во 2022 година.

„Кога-тогаш, Зидан ќе биде селектор на Франција. Јас би сакал токму тој да застане на клупата после мене. Иако имам договор до 2022 година, тоа не гарантира дека мојата позиција е сигурна. Резултатите на селекцијата се тие кои засега ме држат тука“, истакна Дешамп.

- Оглас -

Најнови вести