Зидан му поставил услов на ПСЖ: купете го Роналдо, па ќе дојдам!

Не само што не престануваат шпекулациите дека Зинедин Зидан ова лето ќе стане тренер на Пари Сен Жермен, туку и се засилуваат и постојано има нови моменти за кои се тврди дека се вистинити. Најновата информација е дека Зидан поставил еден услов до управата на ПСЖ, а тоа е да го купат Кристијано Роналдо.

Зидан работеше со Португалецот во Реал Мадрид, освоија три титули во Лигата на шампионите, и тоа по ред, па Зизу сака повторно да го тренира Роналдо, кој не е баш среќен со резултатите на Манчестер јунајтед и ќе чека да види кого Црвените ѓаволи ќе го стават за тренер за следната сезона пред да одлучи за својата иднина.

Освен ова, Зидан во ПСЖ би земал поголема плата од таа на актуелниот тренер Маурисио Покетино и би имал поголеми овластувања, би преземал дел од работите кои сега ги води директорот Леонардо.

Кристијано и Меси во ист тим би било сон за многу љубители на фудбалот во светот, а тоа би било и одличен маркетиншки потег на катарските газди на ПСЖ во пресрет на Мундијалот во нивната земја.

- Оглас -

Најнови вести