Зидан направи список од петмина кои ќе ги брка, а Рамос додаде уште двајца

Реал Мадрид едвај чека да стави крај на една од најлошите сезони во последните неколку години. Гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ нема да освои ниту еден трофеј, а тоа е знак дека се потребни драстични промени. На тренерското место во тимот неодамна се врати Зинедин Зидан, па сега францускиот стратег ќе има тешка задача да ја врати „победничката формула“.

Како што се најавува, Зидан направил список од петмина играчи на кои најверојатно нема да смета за следната сезона. На тој список се: Герет Бејл, Маркус Љоренте, Маријано Дијас, Тони Крос и Дани Себалјос. Капитенот на Реал мисли дека овој список е краток, па на Зидан му додал уште имиња на двајца фудбалери кои треба да си одат, а тоа се: Каземиро и Рафаел Варан. Според Рамос, Каземиро нема капацитет да игра за Реал, а Варан самиот нагласи дека веќе не сака да игра за овој клуб.

На листата на потенцијални засилувања за Реал во летниот преоден рок приоритет се Еден Азар од Челзи, Килијан Мбапе од ПСЖ и Пол Погба од Манчестер јунајтед. Според најавите, во Реал ќе има интересно лето кога се работи за трансферите и за тоа кои играчи ќе дојдат и ќе си отидат од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал задутре игра против градскиот ривал Хетафе, кој сезонава е во одлична форма.

 

 

- Оглас -

Најнови вести