Зидан: Не сме шампиони, ни остана најтешкиот меч во првенството

Со само две титули во последните 10 години во шпанското првенство, Реал Мадрид е во очекување на нов трофеј во Примера. На две кола до крајот, Реал има треба да освои само уште два бода за да биде крунисан во првак. Кралевите утре на свој терен го пречекуваат Вилјареал во меч на кој доколку домаќините победат, ќе може да започне славјето.

„Пред нас е најтешкиот меч од сите досега. Ќе излеземе на терен и ако треба ќе изгинеме, како што правевме на секој меч досега. Знаеме дека против себе ќе имаме опасен ривал. Не ја исклучувам опцијата и да имаме две нерешени средби до крајот, но сигурно нема да одиме да одиграме два „икса“. Треба да победиме против Вилјареал. Уште не се чувствуваме како шампиони. Секој ден влегуваме со многу енергија и мотивација. Ќе видиме што ќе се случи на крајот“, вели Зидан.

До крајот на првенството, освен дуелот против Вилјареал во Мадрид, Реал треба да гостува кај Леганес. По враќањето на фудбалот во ерата на Коронавирусот, Реал одигра девет меча и победи на сите девет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести