Зидан: Не знам за никаков отказ, ќе мора да прашате некој друг

Реал Мадрид одигра лош меч против Мајорка, а повторно се појавија шпекулации за смена на Зинедин Зидан. Се најавува дека може да биде сменет, особено ако Кралскиот клуб не го победи Галатасарај утре, во меч од Лигата на шампионите.

Реал има пораз од ПСЖ и реми со Бриж во првите две кола од групата А и кикс во Истанбул ќе го доведе 13-кратниот европски првак во многу незавидна позиција.

Веќе се шпекулира и со можните замени за Зидан, кој му донесе три титули на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, и тоа во серија.

„Не знам за никакви шпекулации. Желбата ми е да останам долго овде. Ќе мора да прашате на друго место“, изјави Зидан.

Сепак, пораз, па дури и реми со Галатасарај утре од 21 часот ќе го стресе силно тренерското столче на францускиот ас, без разлика на успешното минато како кормилар на Реал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести