Зидан: Нема зошто Барса да доминира во Примера, следната година одиме на титула

Реал Мадрид утревечер ќе гостува кај градскиот ривал Хетафе, во меч кој не значи многу за Кралевите. Најтрофејниот шпански клуб оваа сезона ќе остане без пехар, но тренерот Зинедин Зидан најавува дека следната сезона ќе биде сосема поразлична. Францускиот стратег ветува дека нема да дозволи Барселона да доминира како во последниве неколку сезони.

„Нема специјална причина зошто Барселона да биде толку доминантна во првенството. Тоа што можам да го ветам е дека следната сезона во Примера ќе ја започнеме најдобро што знаеме. Примера се решава постепено, а многу е важна и предсезонската подготовка. Основна цел за следната сезона ќе ни биде трофејот во Примера. Ние имаме 33 титули, Барселона колку има? Каталонците во последните неколку години одлично се справуваат и тоа треба да го признаеме и да го поздравиме. Ние сме тие што тоа треба да го промениме“, вели Зидан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести