Зидан останува без еден од главните играчи во одбраната, Манчестер веќе „загриза“

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан најавил дека сака да си замине од Реал Мадрид, тврди францускиот весник „Л’Екип“. Дефанзивецот засега не ги објаснил причините зошто сака да си замине, но веќе се шпекулира дека негова следна дестинација може да биде Манчестер јунајтед.

Варан дојде во Реал Мадрид пред осум години и толку години помина во дресот на Кралскиот клуб. Досега има одиграно вкупно 268 меча, а се радуваше на четири титули европски првак во Лигата на шампиони. Вкупно освои 16 троифеи со гигантот од „Сантијаго Бернабеу“, а со капитенот Серхио Рамос се незаменлив тандем пред голот на мадриѓаните.

Зидан сигурно не очекуваше дека само неколку дена по неговото доаѓање, ќе се соочи со ваков проблем, но може да се каже дека веќе е најдена и замена за Варан бидејќи неодамна беше објавено дека е потпишан договор со дефанзивецот Едер Милитао од Порто, кој ќе дојде во Реал за сума од 50 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести