Зидан потврди, Реал со Бензема ќе го напаѓа Атлетико

Големото градско дерби е закажано за утре во 16:15 часот, а добрата вест е што Зинедин Зидан ќе смета на својот прв напаѓач за гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Карим Бензема ја доби трката со времето, навреме закпрена и ќе биде во конкуренција за настап, дури може да биде стартер против Јорганџиите на „Ванда Метрополитано“. Заедно со најдобриот стрелец на Кралевите, во составот се вратија Едер Милитао и Алваро Одриосола.

Во пресрет на дербито, Атлетико стои на врвот на табелата со 58 бода, пет повеќе од ривалите Реал Мадрид и Барселона, а воедно тимот на Диего Симеоне има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести