Зидан со коса? За некој месец може и тоа ќе се случи (Фото)

Славниот некогашен најдобар фудбалер на светот, а во поново време успешен тренер, Зинедин Зидан, решил да си го смени имиџот.

Турските медиуми објавија дека популарниот Зизу бил „тајно“ две недели во Истанбул, на клиника за пресадување коса, а потоа се вратил во Франција.

Зидан на почетокот на кариерата како играч имаше бујна коса, а потоа косата постепено почна да му паѓа, па на Светското првенство во 1998 кога ја предводеше Франција до титулата веќе беше полуќелав.

Какво е вашето мислење, ќе му стои ли коса на 50-годишниот Зидан или подобро да продолжи со имиџот што го има речиси 20-тина години со избричена глава?

- Оглас -

Најнови вести