Зидан со нетрпение чека да заврши сезоната

Рајо Валјекано со минималните 1-0 вчера му го нанесе 10-от пораз на Реал Мадрид во Ла Лига за оваа сезона. Поточно, Кралевите загубија по вторпат по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, а францускиот стратег беше тотално разочаран по самиот меч. Во ниту еден дел од средбата Зидан не беше задоволен од своите играчи, а посака што побрзо да заврши сезоната.

„Не направивме ништо од првата до последната минута. Јас секогаш ги бранам своите играчи, но сега не можам, многу сум лут на начинот на кој пристапивме во овој меч. Им должиме извинување на навивачите, а ваков меч не смее повеќе да се повтори. Рајо си играше фудбал, а ние ништо. Сè беше лошо. Ставот на фудбалерите,  залагањето на теренот. Ќе биде добро ако сезоната заврши што побрзо“, истакна Зидан по мечот.

До крајот на шампионатот остануваат уште три кола, а Реал сезоната ќе ја заврши на третото место. На Кралевите им преостанаа дуели на домашен терен со Вилјареал и Бетис во последното коло, додека пред тоа ќе гостува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести