Зигмунд немаше милост за двојната шампионка на Отвореното првенство на Австралија

Германката Лаура Зигмунд ја постигна најголемата победа во кариерата и во три сета успеа да ја елиминира двојната шампионка на Отвореното првенство на Австралија, Викторија Азаренка.

Германката успеа да направи пресврт по загубениот прв сет со 6:7 и следните два ги доби со 6:4, 6:2 против поранешната најдобра светска тенисерка и двојна шампионка во Мелбурн.

Иако деновите на тениска слава и успеси се минато за 29-годишната Азаренка, која имаше доста повреди, но и приватни проблеми, сепак нејзиниот пораз е изненадување. Белорусинката се обидува да се врати на старите патеки на успехот, но засега не успева.

Зигмунд беше подобра и во колекцијата си вклучи уште една победа против тенисерка што била број 1 на ВТА-листата. Претходно 30-годишната Германка ги победуваше Јелена Јанковиќ и Симона Халеп, две тенисерки што биле на врвот на ранг-листата во кариерата.

Од главните фаворитки за титулата, успешен старт имаа Серена Вилијамс, Мугуруза и Каролина Плишкова.

Во машка конкуренција немаше изненадувања, а најмногу мака за пласман во второто коло имаше Јапонецот Кеј Нишикори, но успеа да мине понатаму, откако Полјакот Камил Мајхжак му го предаде мечот во петтиот сет.

- Оглас -

Најнови вести