Зијеш го удри противникот и доби црвен картон, а потоа се јави ВАР системот и се случи пресврт (Видео)

Првото полувреме на лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи траеше повеќе од 50 минути и тоа беше поради инцидентот кој се случи во последните моменти од првиот дел. Хаверц остро стартуваше над Ришарлисон, а потоа повеќе фудбалери се вклучија во мешаницата.

Хаким Зијеш беше тој кој прво беше турнат од зад грб, а потоа Мароканецот реагираше и го удри Емерсон. Судијата Стујард Атвел му даде директен црвен картон на Зијаш, а потоа се јавија арбитрите од ВАР собата каде побараа да се види снимка од ситуацијата.

Судијата го поништи црвениот картон на Зијеш и му даде само жолт картон, а иста таква опомена заработија и Емерсон и Хаверц. Целата ситуација може да ја видите ТУКА.  

- Оглас -

Најнови вести