Зизу џабе се инаетиш, Бејл е злато вреден играч

„Ако може Бејл денеска да си најде нов клуб и да си оди од Реал Мадрид, би било најдобро и за него и за сите во клубот“, беа зборовите на тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан. Популарниот Зизу едноставно сакаше да се откачи од Бејл пред почетокот на новата сезона, најавувајќи дека за него веќе нема место во тимот на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.

Честите повреди, несакањето за повеќе од шест години да го научи шпанскиот јазик и одбивањето да биде дел од активностите во клубот надвор од теренот беа неколку од главните причини поради кои Зидан сакаше да го тргне Бејл. Сепак, Велшанецот се покажувал како злато вреден таму каде што е најпотребен, а тоа е на зелениот терен.

Така беше и синоќа на гостувањето на Реал против Вилјареал. Бејл даде два гола и го спаси својот клуб од пораз (2:2), покажувајќи дека уште не е за фрлање. А и низ годините, Бејл има постигнато повеќе од 100 голови, а добар дел од нив и многу важни.

ЗА РЕАЛ ПОГОДУВАШЕ ВО ТРИ ФИНАЛИЊА ОД ЛШ 

Свежи се сеќавањата на последното финале што го одигра Реал во Лигата на шампионите против Ливерпул. Бејл влезе како резерва во 61-вата минута и само три минути подоцна даде гол за 2:1. До крајот на мечот, Герет погоди уште еднаш и потврди дека Реал Мадрид ќе ја освои европската круна.

Не се тоа единствени голови на Бејл во финалиња од ЛШ. Во 2014 година, против Атлетико даде клучен гол за водство од 2:1 против Атлетико Мадрид во продолженијата во 110-тата минута. На крајот Реал победи со 4:1. Две години подоцна беше меѓу петтемина кои шутираа во пенал-рулетот и погоди, а Реал повторно се најде на европскиот трон.

Точно е дека не се живее од минатото, но Бејл едноставно и синоќа покажа дека е корисен играч и многу вреден за Реал Мадрид. Многу европски клубови би сонувале да имаат еден Бејл во своите редови, а мадриѓаните кои го имаат, сакаат да го исфрлат.

РЕАЛ И БАРСА ГИ ИЗНЕНАДИЈА ОБЛОЖУВАЧИТЕ? ПА НЕ БИ РЕКОЛ, ГОЛЧИЊА СИ ИМАШЕ

Реал традиционално тешко победува кај Вилјареал и поголем дел од обложувачите тоа сигурно го знаеја. Последните три гостувања кај Жолтата подморница се со резултат 2:2, па и тоа не е некое изненадување. Може да се каже дека дури беше и подарок за играње (гол-гол 3+).

И Барселона киксна во ова коло, играјќи 2:2 кај Осасуна во Памплона, меѓутоа ако нешто требаше да биде јасно, е тоа дека ќе има голови. На девет од последните 10 средби на овие два клуба е 3+, така што тие кои добро следат што се случува, си броеја голчиња, а не да се нервираат за слабите одбрани на двата најтрофејни клуба во Шпанија.

НА РЕД СЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ВОЗБУДУВАЊА

Викендот помина, но нема мирување. Од клупскиот фудбал се селиме на репрезентативно ниво. Следуваат квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. За многумина, репрезентативните дуели се „пенал“ за добивка.

Македонија игра два меча на гости, против Израел и против Летонија. На последното гостување кај Израелците победивме со 1:0, а имаме и пораз со еден гол. Тука селекторски не очекуваме да има повеќе од два гола, додека на 9 септември може да очекуваме да се израдуваме и на првата гостинска победа во овие квалификации кај Летонија.

Па не за џабе имаме дури седуммина репрезентативци кои играат во Топ 5 лигите во Европа.

- Оглас -

Најнови вести