Зјелински: Пандев блескаше против Наполи, да не му дозволиме да се разигра

Пјотр Зјелински е еден од најважните играчи на полската репрезентација, а одигра одлична сезона во Наполи и вели дека е подготвен за тешкиот предизвик во Скопје и дуелот на полската репрезентација со Македонија.

И знае доста наши играчи, за коишто има само пофални зборови, а секако потенцира и на кого треба особено да се внимава.

„Пандев игра како во најдобрите денови и ако му оставиме простор, може да биде многу опасен. Против Наполи одигра одличен меч за Џенова и беше тешко да се сопре кога се разигра. Никако не смееме да му дозволиме да ја има често топката в нозе бидејќи тогаш може да биде опасен за нас.
Ги познавам од Серија А и Несторовски и Трајковски од дуелите со Палермо, а Македонија има уште квалитетни играчи, како Стефан Ристовски од Спортинг, Езџан Алиоски од Лидс…Тие се одлични играчи, но ние имаме поквалитетен состав. Погледнете каде играат полските репрезентативци ќе ви биде јасно кој е фаворит“, изјави Зјелински.

Левото крило на Полска ќе го игра 44-тиот меч за националниот состав против Македонија на 7 јуни во Скопје, а тој дуел почнува во 20.45 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести