Ѕјуба се брани по скандалот – Никој не е совршен

Артем Ѕјуба нема да игра за руската репрезентација на дуелите од Лигата на нациите во ноември откако беше отстранет од селекторот Черчесов, а одземена му е и капитенската лента во клубот Зенит.

Причина за ова е експлицитната снимка која се појави во руските медиуми, а на која огромниот Ѕјуба се самозадоволува додека зборува со некоја жена личност.

„Одредени луѓе едвај чекаа да згрешам за да се нафрлат на мене. Никој не е совршен, сите сме луѓе од крв и месо. И да сум погрешил, зарем вака треба да ме казнат? Им благодарам на сите што застанаа зад мене, тоа ми се вистинските пријатели и, за среќа, ги имам многу“, вели 32-годишниот напаѓач на Русија и на Зенит.

Снимката е од лани, а Ѕјуба лежи гол во кревет во хотелска соба и мастурбира. Се шпекулира дека девојката со која зборува додека мастурбира е новинарката Марија Орзул.

- Оглас -

Најнови вести