Ѕјуба: Целосно го поддржувам Путин, а Емери не е тренер!

Рускиот напаѓач Артем Ѕјуба, кој е новопечен член на Локомотив Москва, даде контроверзно интервју кое предизвика големи реакции во Русија, но и подалеку.

Ѕјуба го пофали рускиот претседател Владимир Путин за политиката која ја води и горд е што во неговата земја се знаело што е машко, а што женско.

„Ќе дојде време кога сите ќе сфатат дека Русија е најголема сила. Го поддржувам претседателот, историјата ќе суди кој е во право, верувам дека нашата кауза е правилната. Горд сум што во Русија не се дозволуваат трансродови личности. Кај нас се знае што е татко, што е мајка, кој е машко, кој женско. Децата и семејството се вистинските вредности, не ми се допаѓа тоа што се случува во светот“, вели Ѕјуба, кој има дадено 30 гола за националниот тим и пак би заиграл ако добие повик.

Ѕјуба има играно во Скопје како член на Зенит, а сега плука по својот ексклуб.

„Треба да се прекрстат од Зенит Санкт Петербург во Зенит Рио де Жанеиро или Сао Пауло. Клубот оди во погрешна насока наместо да се фокусира на домашните играчи“, смета Ѕјуба.

Двометрашот „удри“ и по неговиот екстренер Унаи Емери, со кого соработуваа половина година во Спартак Москва.

„Тој на хартија е тренер, но не е вистински тренер. Кога си замина, на Мекиди му напиша Е.и се. Тоа не е однос на еден нормален тренер. Го немаше мојот број, па мене не ми пиша ништо. Некогаш знаеше по пораз да не ни зборува по 3-4 дена. Еднаш загубивме од Динамо со 1-5, мислев дека ќе збесне и дека ќе вика, а Емери само ни рече дека не е ништо страшно. Не е лош тренер, но чуден е и специфичен. Успеси има само со шпански клубови, има освоено само Лига на Европа“, вели Ѕјуба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести