Златан ја покажа својата „темна страна“: Го нокаутира Аспиликуета, па глумеше жртва (Видео)

Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите фудбалери во последниве 20 години. Освен фудбалските квалитети, тој важи и за еден од „најнечистите“ фудбалери на теренот. Златан знае и да се степа и да направи инцидент, а често и да ги провоцира противниците.

Последниот таков испад го имаше синоќа, на дуелот против Шпанија. Шведска бркаше победа на гостувањето кај Црвената фурија за да обезбеди директно место на Светското првенство, но загуби и сега Златан и дружината ќе играат бараж.

Пред крајот на мечот, кога беше јасно дека Шведска нема да успее во намерата да победи, Ибрахимовиќ направи еден неспортски потег. Со рамото силно го турна Аспиликуета, а потоа и тој падна, глумејќи дека некој него го удрил.

За овој потег, Златан доби жолт картон, а многумина сметаат дека можеше да добие и исклучување поради намерно удирање на противник без топка.

 

- Оглас -

Најнови вести