Златан прво се спречка со ексиграч на Сити, па „заби“ за победа (видео)

ЛА галакси ноќеска го запиша седмиот триумф по девет кола, откако на домашен терен славеше со 2-1 над Реал Солт Лејк. Победата и трите бода ги донесе Златан Ибрахимовиќ, а шведската ѕвезда повторно направи шоу.

Популарниот Ибра прво се спречка со поранешен фудбалер на Манчестер сити, дефанзивецот Недум Онуоха, а само неколку минути подоцна пред негови очи го постигна победничкиот гол.

Златан продолжува со неверојатната серија погодоци во воведниот дел од сезоната во МЛС лигата. Засега е втор стрелец во шампионатот со осум погoдоци кои ги постигна во седум настапи.

- Оглас -

Најнови вести