Златан се враќа во Шпанија?

Заврши авантурата на Златан Ибрахимовиќ во САД, па сега сите со нетрпение чекаат каде ќе ја продолжи кариерата. Се најавуваше враќање во Италија, каде што во минатото ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Милан, но се раширија шпекулации дека би можел да ѝ стави крај на професионалната кариера.

Но, Швеѓанецот изненади со својата најнова објава на „Инстаграм“ и во кратки црти најави враќање во Шпанија.

„Здраво Шпанија. Погодете што? Се враќам!“, рече Златан во видеоприлогот.

Не се споменува клуб, но би било сензација да се види искусниот Ибрахимовиќ повторно во една од најатрактивните лиги во Европа. Инаку, 38-годишниот Ибрахимовиќ во сезоната 2009/10 го носеше дресот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести