Не е ВАР-системот виновен за ремито на Јувентус: Неверојатни се аматерските киксови на Шченсни (Видео)

За првпат по пет години, Јувентус не победи на стартот од новото првенство во Серија А, играјќи 2:2 на гостувањето кај Удинезе во еден драматичен меч. Старата дама водеше со 2:0 на полувреме, но во вториот дел домаќините дадоа два гола и стигнаа до бод.

Според многумина навивачи на Јувентус, главен виновник за двата гола на Удинезе е голманот Војќех Шченсни. Првата опција на голот на гигантот од Торино најпрво направи пенал, по кој Удинезе намали на 1:2, а главниот кикс го направи пред крајот на мечот, кога буквално им го подари вториот гол на протвниците.

Во 94-тата минута Јувентус преку Роналдо постигна и трет погодок, но по сигнализација од ВАР-собата беше утврдено дека Кристијано бил во офсајд и голот беше поништен и остана 2:2.

https://streamable.com/iwqnoh

https://streamable.com/i6bzyc

 

- Оглас -

Најнови вести