Зошто не се враќа топка на голман? Ќе се лизне и ќе прими смешен автогол (Видео)

Хрватот Тони Датковиќ е трагичар на мечот во МЛС-лигата меѓу Лос Анџелес ФЦ и Реал Солт Лејк, а заедно со него виновник за поразот од 3:2 на гостите е и голманот Давид Очоа.

Двајцата заедно одиграа очајно лошо во 59-тата минута, кога дефанзивецот Датковиќ се обиде да му ја врати топката на својот голман, а овој се лизна за смешен автогол и клучен погодок за поразот од 3:2 на гости во Лос Анџелес.

LAFC [3]-2 Real Salt Lake – Datkovic (horrible OG) 59’ from soccer

Мечот беше особено важен и за двете екипи кои се на границата од позициите што водат во плејофот. Вкупно 7 екипи ќе играат во плејофот, првопласираната директно во четвртфиналето, а останатите шест во осминафиналето за титулата.

Моментно со по 30 бода на 23 натпревари Лос Анџелес ФЦ и Реал Солт Лејк се на делба на седмото место, но за една од двете екипи, барем според моменталната ситуација на табелата, ќе нема место во доигрувањето за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести