Ѕвездата на Интер се договори со Барселона, потпишува петгодишен договор

Лаутаро Мартинес во следната сезона ќе го носи дресот на Барселона, пишува каталонскиот весник „Спорт“. Според тврдењата, ѕвездата на Интер ги договорил сите лични услови со гигантот од „Камп ноу“, а сега останува само уште да се добие дозвола од Интер за комплетирање на трансферот.

Најавите се дека Мартинес се согласил да потпише петгодишен договор со Барселона според кој ќе заработува по 12 милиони евра во сезона, плус бонусите. Од Интер порачаа дека Мартинес ќе го пуштат само доколку се најде клуб кој би платил 111 милиони евра за трансферот, но можно е таа сума да биде намалена до 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести