Бразилскиот репрезентативец Родриго е категоричен дека нема да си замине од Реал Мадрид до крајот на летниот преоден рок. Кралскиот клуб летово го доведе Франко Мастантуоно и се чинеше дека Родриго се движи кон излезната врата.
Новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо не беше импресиониран од играта на Родриго и му најави дека треба да си замине. Сепак, Родриго е решен дека треба да остане во Мадрид и да се бори за своето место во тимот. На дуелот против Овиедо беше стартер, а кога беше заменет, бурно реагираше покажувајќи незадоволство.
Во текот на целото лето постојано имаше шпекулации дека Родриго ќе замине во Премиер лигата каде се поврзуваше со екипите на Манчестер Сити и Ливерпул. Сега, сега се чини дека Родриго нема да оди никаде. Крајниот рок на преодниот период во Шпанија е до понеделник на 1 септември.