Ѕвездата на Сити казнет со шест меча поради шега со соиграч

Еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Бернардо Силва доби шест меча суспензија поради начинот на којшто се шегуваше со својот соиграч Бенџамин Менди на социјалните мрежи. Силва го спореди својот соиграч со еден цртан јунак од реклама на шпански чоколадни ф’стаци.

Самиот Менди воопшто не се почувствувал навредено и ја прифатил шегата велејќи дека Силва „има водство од 1:0“. Иако Менди, но и речиси сите останати ја сфатиле шегата на Силва, челниците на Англиската федерација тој потег на Бразилецот го оцениле како расистичка навреда и му дадоа суспензија од шест меча.

Видете зошто Силва доби толку голема суспензија и како потоа реагираше Менди на оваа шега.

 

- Оглас -

Најнови вести