Ѕвездите на ПСЖ се омилена мета на арамиите, Донарума е деветтиот фудбалер кој е ограбен во последните пет години

Голманот на ПСЖ, Џанлиуиџи Донарума и неговата девојка Алесија, утрината  беа нападнати и ограбени во нивниот дом, притоа од крадците биле соблечени голи, потоа врзани, а Донарума бил удрен неколку пати во главата, што е нова потврда дека фудбалерите на Светците се омилена мета на арамиите.

Донарума е деветтиот фудбалер на ПСЖ кој е ограбен во последните пет години.
Прва жртва на крадците беше Ерик Шупо-Мотинг и тоа во 2018 година. Додека напаѓачот играше против Ливерпул во Лигата на шампионите, крадците од неговиот дом украдоа накит во вредност од 600.000 евра.

Само три недели подоцна, од домот на Тијаго Силва беа украдени работи во вредност од околу милион евра.

Во февруари 2019 година, Дани Алвеш остана без 500.000 евра.

Голманот Серхио Рико,дури двапати беше ограбен, во 2021 и во 2022 година.
Во јануари 2021 година беше ограбен Мауро Икарди, а само два месеци подоцна и Маркињос.

Во март 2022 година, Анхел ди Марија остана без 500.000 евра, а осум месеци подоцна, крадци влегоа во домот на Преснел Кимпембе.

- Оглас -

Најнови вести