Ѕвездите на Реал бараа да се игра уште, одговорот на судијата е хит (Видео)

Интересна снимка од мечот меѓу Реал Мадрид и Осасуна се појави на социјалните мрежи, а во фокусот се фудбалерите на Кралскиот клуб и судијата Цезар Сото Градо.

Тој продолжи само четири минути по регулатниот дел, а Винисус јуниор, Милитао и Родриго веднаш тргнаа кон него за да побараат објаснување зошто само толку малку е судиското продолжение.

Одговорот на Сото Градо со превод на шпански јазик е хит: „Имавте 90 минути да победите, затоа не се бунете за минутажата во судиското продолжение“ е одговорот на шпанскиот судија.

Реал Мадрид не успеа да даде победнички гол за 94 минути, колку што вкупно со судиското продолжение траеше мечот од Ла Лига вчеравечер, па со реми без голови мораа да се задоволат само со еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести