Звоне доби незгодно писмо – Отпуштен си од Милан

Звонимир Бобан добил отказ со писмо што му било врачено вчера од раководството на Милан. Навивачите реагираат на ваквиор стил на комуникација, без разлика дали го поддржуваат досегашниот спортски директор, или извршниот директор Иван Газидис.

„Не му личи на клуб од рангот на Милан, вака да се однесува. Бобан не заслужи отказ, особено не на ваков начин“, коментираат дел од миланезите.

Со Бобан речиси сигурно ќе си замине уште една легенда на клубот, Паоло Малдини, а двајцата поранешни играчи на Росонерите беа во конфликт со Газидис.

Проблем е беспарицата во Милан, а разочаран е и Златан Ибрахимовиќ, па и тој најави заминување. На продажба ќе биде и голманот Џиџи Донарума, па Ралф Рагник, кој ќе биде и тренер и спортски директор на Милан ќе има тешка задача да најде рецепт за надминување на кризата.

- Оглас -

Најнови вести