Родри донел одлука за иднината и таа не е поврзана со „Етихад“

Иднината на Родри полека се наѕира и таа многу веројатно не е поврзана со „Етихад“, и покрај тоа што медиумите во Англија најавија дека води преговори за продолжување на соработката.

Шпанскиот репрезентативец во моментов е член на Манчестер сити, но неговото останување сè почесто се доведува под знак прашалник.

Дополнителни шпекулации предизвикаа и најавите дека на крајот од сезоната клубот ќе го напушти и Пеп Гвардиола.

Интерес за Родри одамна покажува Реал Мадрид, кој планира значителни промени во тимот по уште една сезона без голем трофеј.

Според шпанските медиуми, претставниците на Родри веќе разговарале со челниците на Манчестер сити околу неговата иднина, а наводно фудбалерот донел одлука да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Се наведува дека нов тренер на Кралевите ќе биде Жозе Мурињо, кој му дал зелено светло на претседателот Флорентино Перес за реализација на трансферот.

„Марка“ тврди дека разговорите меѓу Родри и Реал биле позитивни и дека играчот има желба да се пресели во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести